Dark Mode Light Mode
Гужва на Табановце: Се чека и по час време
Апсурди во ГОБ „8 Септември“, лекарите не знаеле во каква состојба им е болницата!?
Промоција на „Видеологија“ на 29 јуни во МКЦ

Апсурди во ГОБ „8 Септември“, лекарите не знаеле во каква состојба им е болницата!?

Откако се прогласи олабавување на ковид-пандемиската година, Мнистерството за здравстсво соопшти дека болниците се враќаат во нормала, се ставаат во функција различни оддели и нема застој во лекувањето на сите типови на здравствени потреби кај населението.

Но, не и во ГОБ „8-ми септември“. Вработените лекари јавно му се обраќаат на министерот Венко Филипче преку постови на неговиот фејсбук профил, но бараат помош и од медиумите. Велат централната клима не функционира на ниту едно одделение, па темпертурата не се издржува во цела болница. Салите на хирургија се за целосно уривање и реновирање, амбулантите на анестезија и траума – кои беа тријажен центар се целосно распаднати, болницата е со прозори стари повеќе од триесет години. Вината ја лоцираат кај директорот Христијан Костов.

-Додека ние гиневме од работа, се реновираше нешто, сега е се амортизирано, досега сме добиле само една јапонска донација. Имаме страшен дефицит на медицински кадар. Ни фалат медицински техничари. Како директор ниту еднаш не излезе да не пофали за се она што издржавме последниве две години. Ни ветуваа со години дека ќе ни ги качат дежурствата и ќе направат терциерно здравство за да можеме да едуцираме. Сега во моментов Тетово и Штип се над нас, административно имаат поголеми плати, а нивните пациeнти се препраќаат тука, велат вработените во болницата за ТВ Алфа.

Реклама

Тој не одговорил на новинарските прашања на медиумот, но под притисок на јавноста, односно новинарите кои во саботата објавија дека во ГОБ „8ми спетември“ нема ниту еден функционален лифт, вчера, еден, експресно бил поправен и пуштен во промет.

И додека вработените се на работ на нервите и не можат да функционираат во вакви услови, МЗ е на страната на Костов, па уверува дека проблемот со лифтовите ќе се решел до август. Но, и дека, тоа што лекарите го зборуваат не било точно, односно сите апарати за третман на пацинети, сите амбуланти, операциони сали и оддели биле во функција.

Проблемот со „8ми септември“ не е нов. Повеќе пати вработените алармираа во медиумите за она што се случува, а излегуваа и на протести за време на минатата ковид година.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Гужва на Табановце: Се чека и по час време

Next Post

Промоција на „Видеологија“ на 29 јуни во МКЦ

Реклама