Dark Mode Light Mode

Норвешка засекогаш ја отпиша „Астра Зенека“

Норвешка одлучи да не ја враќа во употреба вакцината на „Астра Зенека“, додека за „Џонсон и Џонсон“ засега нема одлука дали ќе се користи.

Премиерката Ерна Солберг изјави дека одлуката е донесена врз основа на препораките на експертска комисија и на Норвешкиот институт за јавно здравје (FHI), кои советуваат од норвешката програма за имунизација да се изземат вакцините на „Астра Зенека“ и на „Џонсон и Џонсон“ поради ризик од многу ретки, но сериозни несакани ефекти.

Норвешка прекина да ја користи вакцината на „Астра Зенека“ на 11 март како мерка на претпазливост, откако имаше мал број случаи на згрутчување на крвта по вакцинирањето, вклучително и смртни случаи. Дотогаш, околу 138.000 Норвежани беа имунизирани со таа вакцина.

Реклама

Откако прекина, норвешките здравствени власти најавија дека околу 200.000 дози вакцини од „Астра Зенека“ ќе им ги дадат на Шведска и Исланд.

„Џонсон и Џонсон“, пак, досега не се користеше во Норвешка, а нарачаните вакцини веројатно ќе се чуваат како резерва во случај да има итна потреба од вакцини.

За масовна имунизација, норвешките власти во моментов ги користат само вакцините од „Фајзер“ и „Модерна“, а нивниот план е до крајот на јули сите возрасни лица да примаат барем по една доза.

Досега, со првата доза, е вакцинирано една третина од возрасното население.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Девојче прободено со нож во училиште на Сицилија

Next Post

На автопатот Велес-Скопје-Куманово казнети 77 возачи за пребрзо возење

Реклама