Вакцините против ковид на производителот „Астра Зенека“, кои ѝ беа на располагање на земјава, се целосно потрошени и тие се аплицираа на граѓани постари од 60 години, информираше министерот за за здравство Венко Филипче.
На прашањето дали се размислува за укинување на ограничувањето за тоа кои возрасни групи може да ја примат оваа вакцина, како што тоа вчера го направи Германија, Филипче вели дека засега нема промена во ставот, односно останува препораката оваа вакцина да може да ја примат само граѓаните постари од 60 години.
И помлади наши граѓани се вакцинираа со оваа вакцина, но во Србија и покрај најавите дека е можно тие да бидат ревакцинирани тука, нашите власти сепак останаа на ставот дека нема да се вакцинираат под 60-годишна возраст.