Dark Mode Light Mode

Хуманоста на семејството на Верица Белчовска наградена со стан

Семејството на 20- годишната Верица Белчовска од селото Русиново, која загина во сообраќајна несреќа, а чии органи беа донирани ќе добие стан во општина Струмица, објави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на социјалните мрежи.

-Имајќи ја предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски, чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, како скромно оддолжување кон ова семејство, денеска на седница на Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседавам, едногласно одлучивме да им биде доделен на користење стан во општина Струмица, напиша Бочварски на Фејсбук.

Досега беа трансплантирани срце, два бубрега и коска, кај лица на кои животот им зависеше од нови органи, а како што вели Бочваарски, семејството Белчовски ги поместило вредностите во општеството, за што граѓаните бескрајно му се благодарни за највисокиот чин на хуманост.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Претпладне облачно и ветровито, попладне тивко

Next Post

Охридско Езеро и Студенчишко Блато станаа наше трето водно живеалиште од меѓународно значење

Реклама