Министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека државата набавила 500.000 дози од кинеската вакцина „Синовак“, бидејќи токму големата количина не можела одеднаш да се добие од друг производител.
Филипче не прифаќа дека ефикасноста на оваа кинеска вакцина е 50 отсто, како што е објавено во публикациите, туку е многу поголема.
-За ефикасноста на „Синовак“ разговаравме повеќе пати. Разговаравме и утрово, експертите и публикациите покажуваат дека ефикасноста на вакцината е многу поголема, над седумдесет отсто. Ние се одлучивме за набавка на оваа вакцина затоа што не постои друга која може наеднаш да стигне во толкава количина. Сакаме пред летните месеци да имаме што повеќе вакцинирани, да се заврши со возрасната група и оние ризични категории граѓани и секако пред летото да биде завршена вакцинацијата на лицата кои планираат патувања, рече министерот Филипче.