Dark Mode Light Mode

Претпладне облачно и ветровито, попладне тивко

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со променлива облачност, а попладне облачноста ќе се намалува. Од изутрина од север ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер со брзина над 60 км/час кој ќе биде најизразен долж Повардарието. Овој продор на студен воздух ветер ќе предизвика намалување на температурата, особено во северните делови и на истокот. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер кој на повисоко и кон исток повремено ќе има силен интензитет. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Утре поради продор на постудена воздушна маса ќе дува умерен, а долж поширокото Повардарие повремено силен северен ветер (над 60 км/час) што ќе предизвика во деновите од викендот намалување на температурата, особено во северните делови. Во деновите потоа ветерот ќе биде претежно југоисточен, а температурата тогаш ќе биде во пораст.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Жителите на Ѓорче Петров утре на протест против неконтролираното градење

Next Post

Хуманоста на семејството на Верица Белчовска наградена со стан

Реклама