Dark Mode Light Mode

Пратениците се враќаат во старата сала за седници кон крај на мај?

Пратениците би можеле да се вратат во старата сала за седница и со нормална работа кон средината на мај.

Вакво очекување има претседателот на парламентот Талат Џафери, по вчерашниот почеток на вакцинацијата на пратениците, која би требало да се комплетира за најмалку три недели, со примање на втората доза.

До вчера попладне биле вакцинирани две третини од пратениците. Џафери вели дека, иако на пратениците им било понудено да се имунизираат порано, тие го препуштиле својот ред на ризичните групи.

Реклама

Во Собранието прво биле вакцинирани собраниските служби оти двајца вработени во службите починале како последица на ковид-19.

Според најавите, владините функционери пак, ќе се вакцинираат во мај, кога во земјава се очекуваат да пристигнат 200.000 кинески вакцини.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Грција по повеќемесечен карантин ги отвора трговските центри - но само со најава

Next Post

Мицкоски утре повика на протест за поддршка на осудените за 27 април

Реклама