Dark Mode Light Mode

Да не распишаа тендер за поправка на фонтаната на плоштадот?

Дупка и искршени плочи и натаму зјаат на главниот градски плоштад и по 23 дена откако возилото-чистачка пропадна во подната фонтана на централниот градски плоштад „Македонија“. Се чека, чека, чека поправката.

Ако е за утеха, градските институции кои живеат од парите на скопјани, руглото го оградиле со импровизирани ленти и делува дека – еве само што не почнало поправањето. Барем странците така да помислат, ние си знаеме…

Последна информација од Градот Скопје беше дека додека да се поправи фонтаната привремено ќе го уределе просторот на плоштадот.

Реклама

Дали е неизвесно кога просторот по кој секојдневно поминуваат илјадници граѓани повторно ќе биде уреден како што треба? На свој начин се повторува приказната од пред четири години кога плочките беа искршени откако во нив пропадна камион.

Се работи ли за поголемо оштетување, за недостиг на одредени делови или, пак, за потребата да се распише и јавен тендер за ваква поправка, не е познато. 

Ако е за уште една утеха, ја пуштиле во употреба главата фонтана со споменикот на „Воинот на коњ“ која што се наоѓа во близина. Белки туристите, а и скопјани ќе гледаат во таа фонтана, па нема да ја видат другата која не е поправена.

Е, да, сепак треба да се отвори „четири очи“ оти може да се пропадне во дупката…

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

За два дена казнети 1.311 лица за пребрзо возење, ќе успее ли полицијата да ги смири „дивите“ возачи?

Next Post

Им издале дозвола за нелегална работа на 87 странци, заработија кривични пријави

Реклама