Dark Mode Light Mode

Како благодарност за вакцините и вакцинираните: Српските државјани летово без патарини ќе патуваат низ земјава

Српските граѓани од 15 јуни до 15 август ќе бидат ослободени од патарини во земјава во знак на благодарност за донациите во вакцини, соопшти денеска и официјално министерот за здравство Венко Филипче во Белград на прес-конференцијата со српскиот министер за здравство Златибор Лончар.

Нешто помалку од 15.000 македонски граѓани досега се вакцинирале против ковид во Србија. За сите овие лица останува можноста да ја добијат и втората доза во Србија, на истото место каде што се вакцинирале и првично, или во договор со нашите власти, нивните втори дози да се достават во земјава и тие тука да бидат вакцинирани.

Српскиот министер, исто така, упати апел до македонските државјани што не живеат таму, немаат бизнис, ниту друг вид регулиран престој во Србија, закажувањето за вакцинирање во Србија да го прават исклучиво преку интернет-страницата Е-управа и да не доаѓаат без закажан термин на пунктовите за вакцинација.

Реклама

Тој рече дека без пријава граѓаните ќе можат да се вакцинираат само ако повторно има нови акции и повици за вакцинирање без термини.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Им издале дозвола за нелегална работа на 87 странци, заработија кривични пријави

Next Post

Град Скопје: За еден ден поднесени барања за половина од предвидените субвенции за велоспеди и тротинети

Реклама