Dark Mode Light Mode

Измамен охриѓанец уплатил 4.530 евра па залудно чекал наследство од Франција

Измама сторена преку социјална мрежа пријавил охриѓанец на полицијата. Тој тврди дека е оштетен за 4.530 евра.

Полицијата соопшти дека 53 годишен жител од Охрид вчера пријавил измама сторена на 01.03.2021 на социјалната мрежа „Фејсбук“.

-Според пријавеното, преку порака што ја добил од друг ФБ профил, бил известен дека е добитник на наследство, поради што треба да стапи во контакт со адвокат од Франција. Притоа добил информација дека како примател на наследството треба да уплати парични средства за да истото, му биде префрлено на неговата трансакциска сметка, информираат од СВР Охрид.

Реклама

Тој, во неколку наврати лично уплатил вкупно 3730 евра како и 800 евра што ги уплатил негов пријател.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Угостителите протестираа, Владата го одобри пакетот помош за нив

Next Post

Бројката на заразени се намали на 766, но на починати и натаму е над 30

Реклама