Dark Mode Light Mode

Левица поднесе кривични пријави против Талат Џафери и заразените пратеници

Кривични пријави против претседателот на парламентот Талат Џафери и пратениците Мирослав Богдановски и Бисера Костадинова – Стојчевска за прекршување на мерката изолација, поднесе денеска партијата Левица.

Освен кривична пријава која е поднесена до Основното јавно обвинителство – Скопје оваа опозициска партија поднесе и пријава до Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Од партијата велат дека тројцата се теретат оти со умисла и по претходна меѓусебна координација, сториле кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ (казниво по чл. 206 од Кривичниот законик), како и обид за „Пренесување на заразна болест“ (чл. 205 од КЗ) врз останатите пратеници, со елементи на тешки дела против здравјето на луѓето.

Реклама

о таквото свое дејствие, предизвикале став и несигурност кај пратениците и кај јавноста, но воедно го довеле во прашање животот и здравјето на народните избраници и на нивните семејства, а со тоа и нормалното функционирање на институцијата Собрание – како централен државен орган и единствен уставен носител на законодавната власт во Републиката. Сето ова го договарал и знаел и собранискиот спикер – третопријавениот Џафери, но истиот не само што не сторил ништо за да го спречи, како најповикано одговорно службено лице со дадени овластувања со Законот за Собранието на РМ и со Деловникот на Собранието на РМ, туку и го организирал овој опасен биохазарден експеримент, кој може да го парализира нормалното работење на законодавниот дом во целина, се наведува во соопштението на Левица.

Партијата очекува од ОЈО Скопје да постапи во поднесената пријава во најбрз можен рок, како и во другите случаи на прекршување на мерката домашен карантин на лица позитивни на коронавирусот, со што би ставил до знаење дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Лазаров го објави поширокиот список за натпреварите со Финска и Швајцарија

Next Post

За два дена казнети 1.311 лица за пребрзо возење, ќе успее ли полицијата да ги смири „дивите“ возачи?

Реклама