Dark Mode Light Mode
Дождливо со умерен северен ветер
Пешачки премин во тревник, велосипедска патека со бетонски пречки – кој ги црта плановите во општините?
Почнува ли конечно посериозното снабдување со вакцини?

Пешачки премин во тревник, велосипедска патека со бетонски пречки – кој ги црта плановите во општините?

Деновиве се збогатува „галеријата“ на социјалните мрежи од погрешни или подобро кажано промашени инфраструктурни изведби. Откако се појави таа дека во Карпош пешачки премин од улица завршува во тревник, од вчера друга фотографија е причина за шеги на социјалните мрежи.

Имено, во Тетово, велосипедска патека е направена и преку бетонски препреки. Како преку нив да се помине со велосипед прашуваат тетовци.
-Кој генијалец го направи ова?
-Да не треба со крилја да купиме велосипеди? Веројатно така ќе може да се прелета преку бетониве?
-Немаше ли проектант кој на терен ќе знае и ќе процени дека овде не може да биде велосипетска патека?

Според информациите во медиумите за овој проект општина Тетово потрошила 3 милион денари. Во таа сума се предвидени и други фази како што се обележување на патека на главната улица, спуштање на тротоари итн. Тоа значи општина Тетово прво ја направила патеката па дури после ќе ги спушта бетонските тротоари и пречки.

Реклама

А што е со пешачкиот премин на улицата „Јуриј Гагарин“ во Скопје? Ќе се бетонира ли тревникот за да излезе пешачкиот на право место, или пак ќе се избрише зебрата и ќе се премести на права локација?

Инаку фотографиите од погрешниот пешачки премин и вело-патеката со бетонски пречки осамнаа и во медиумите во регионот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Дождливо со умерен северен ветер

Next Post

Почнува ли конечно посериозното снабдување со вакцини?

Реклама