Dark Mode Light Mode

Уште утре дожд, потоа ќе се стопли

Врнежливото време ќе продолжи и утре кога, според најавата на УХМР, локално ќе има дожд претежно во западните и крајните источни делови, на места поројни проследени со појава на грмежи.

Потоа, во следните два дена, ќе биде стабилно со пораст на дневната температура, а услови за краткотраен дожд ќе има само во планинските подрачја. Под влијание на нов влажен бран, во петок и сабота повторно ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни.

Врнежите од дожд денеска  на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално се очекува да наврнат над 15 литри на квадратен метар. На планините на северозапад ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието од северен правец. Максималната температура денеска ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Реклама

Во Скопје слично време – претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, со температура до 12 степени.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Град Скопје: Од денеска се аплицира за субвенции за велосипеди и тротинети

Next Post

Дождливо со умерен северен ветер

Реклама