Dark Mode Light Mode

Онлајн работилница за доближување до хероите и антихероите од светот на стриповите

Утре, на 20ти април со почеток во 11 часот Europe House Скопје и стрип книжарницата „Бункер“, на платформата ZOOM организираат куса работилница којашто има за цел да ги донесе поблиску супер хероите и антихероите кои живеат во светот на стрипот.

-Работилницата ќе биде интерактивна – сите учесници ќе можат да поставуваат прашања и да дадат свој придонес во дискусијата. Работилницата е бесплатна и отворена за сите заинтересирани кои сакаат да дознаат повеќе за стрипот како уметност и влијанието кое го има во поп културата, велат организаторите.Како што соопштуваат тие работилницата се состои од два дела:

1.Теоретски осврт кон стрипот, историскиот развој и правци во стрип уметноста, поврзаноста на стрипот со филмската уметност, стрипот како инспирација за најпопуларните видео игри.
Предавач: Јован Битољану – ко-основач на стрип книжарницата „Бункер“.

Реклама

2.Како се создава стрипот? Осврт на процесот на креирање на стрипот и илустрациите.
Предавач: Михајло Димитриевски „Тхе Мичо“- легенда на стрипот и илустрацијата не само кај нас, туку и во глобалната индустрија на друштвени игри и стрипови.

Пријавувањете на заинтересираните учесницие на мејлот info@bunker.com.mk, најдоцна до 20 април до 12 часот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Не обезбедија ни компјутери за онлајн настава, а камо ли електронски учебници за секое дете

Next Post

Дождливо со умерен северен ветер

Реклама