Dark Mode Light Mode
964 мг/м3 ПМ 10 честички измерени утрово кај Ректорат, по цела ноќ полициски час
Скопскиот аквадукт конечно прогласен културно наследство од исклучително значење
Сончево со мала облачност

Скопскиот аквадукт конечно прогласен културно наследство од исклучително значење

Со владина одлука, на предлог од Управата за заштита на културното наследство и мислењето на Националниот совет за културно наследство, скопскиот Аквадукт е прогласен објект од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Конечно позитивна вест ако се знае дека елаборатот за ревалоризација на споменикот со години беше блокиран во надлежните институции.

Одлуката уследи по усвоениот елаборат за ревалоризација на споменикот, процес кој долги години беше закочен во надлежнитe институции.
-Одлуката овозможува трајно зачувување на Аквадуктот и на неговите вредности во културна и историска смисла, како и во однос на заштитата на архитектурата, на социјалниот, едукативниот, туристичкиот и економскиот аспект на локалитетот. Со тоа се овозможува конечно да започне и неговата физичка заштита, информираат од министерството за култура, но не наведуваат кога би започнала неговата реставрација.

Ако тоа не се случи набрзо, опасноста од негово распаѓање е повеќе од сигурна.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

964 мг/м3 ПМ 10 честички измерени утрово кај Ректорат, по цела ноќ полициски час

Next Post

Сончево со мала облачност

Реклама