Dark Mode Light Mode

Објавен е конкурс за наградата 18 мај-Меѓународен ден на музеите

Објавен е конкурсот на здружението Македонски национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) за доделување на Годишната награда 18 Мај – Меѓународен ден на музеите за особени достигнувања во музејската дејност за 2019 и 2020 година. Целта е да се поттикне, популаризира и афирмира музејската дејност.

Материјалите треба да бидат доставени најдоцна до 7 мај 2021 година по пошта или рачно на следната адреса Здружение МНК ИКОМ (НУ Музеј на Република Северна Македонија), ул. Јосиф Михајловиќ бр. 7 1000 Скопје или на електронска пошта: icom_mnc@yahoo.com.

Од Здружението МНК ИКОМ информираат дека заради условите на пандемија на Ковид -19 изминатата година, наградата ќе се додели одвоено за 2019 и 2020 година. Наградата се доделува за неколку различни категории а истите се објавени јавно на страната на здружението.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Директорите од струшките училишта до Царовска: Дигиталните учебници ќе преставуваат проблем

Next Post

ЛДП, ДС и ДОМ се договараат за заеднички настап на локалните избори

Реклама