Dark Mode Light Mode

Онлајн дискусија со Исток Улчар за поврзаноста на поезијата и рапот

Вечерва со почеток во 19.30 часот културно-социјалниот простор Центар-Јадро организира онлајн дискусија со Исток Ј. Улчар за поврзаноста на рапот со поезијата и обратно.

Според информациите од организаторите Улчар, ќе се зборува за поврзаноста на поезијата со музичкиот жанр рап, за развојот на овој спој и за состојбата на овие две уметности денс, во светот и кај нас.

-Денес, многу писатели и академици внимателно ја изучуваат хип хоп културата и рап музиката како нова форма на литература. Форма која и дава нови можности за развој на пишаниот збор, но и форма која се разликува од најпрестижните форми на современата поезија. Но, какви сличности и разлики постојат помеѓу рапот и поезијата? Дали воопшто треба да има ваква споредба? И дали именувањето на рапот како поезија во суштина е желба да се воздигне нејзиниот статус и да се обрне внимание на нејзиниот квалитет? Еден од најгласните застапници на ова теза, е раперот Џеј Зи кој во интервју по повод неговата книга од 2001 година Дешифрирано вели: ‘Се надевам дека читателите на оваа книга ќе запаметат дека рапот е поезија. Никогаш не слушате како раперите ги споредуваат со најголемите писатели на сите времиња. Го слушате тоа за Боб Дилан, но исто така е и Notorious B.I.G на еден Хичковски начин, стои во најавата за настанот.

Реклама

Дискусијата ќе може да се проследи на Фејсбук страницата на центарот, а по дискусијата, публиката ќе може да учествува со свои коментари и прашања.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Загина 15-годишно момче во сообраќајка во општина Илинден

Next Post

Сончево со температура до 20 степени

Реклама