Македонски ученици од основни училишта ќе бидат дел од жири комисијата за избор на најдобар Европски филм за млада публика. Заради ковид-кризата и годинава процесот ќе се одвива онлајн на веб платформата на EFA Young Audience Award, а учениците, околу 60, на возраст од 12 до 14 години, од неколку основни школи, ќе можат да ги гледаат филмовите со превод на македонски јазик.
Учениците од Македонија потоа ќе треба да одлучат, односно гласаат за три номинирани филмови: „Pinocchio“, „The crossing“ и „Wolfwalkers“, а во рамки на денот за оценување/гласање, основците ќе имаат можност директно да се запознаат со режисерите и актерите на филмовите, како и да разговараат и да ги споделат своите импресии со своите врсници – членови на жирито. Се работи за ученици од 37 земји од Европа.
Наградата ќе се доделува во недела на 25 април, во точно 19 часот, онлајн на веб страницата на Young Audience Award (https://yaa.europeanfilmawards.eu).