Dark Mode Light Mode
СДСМ: Градоначалникот е виновен што во Сопиште нема вода за пиење
(ФОТО) Бетонска џунгла во Ѓорче Петров, граѓаните решени да одат до врвот на власта за да ја запрат
Бројот на заразени не паѓа под 1.100 - има и 27 починати

(ФОТО) Бетонска џунгла во Ѓорче Петров, граѓаните решени да одат до врвот на власта за да ја запрат

Граѓани на општината Ѓорче Петров организирани во Иницијатива против урбаното дивеење во Ѓорче Петров денеска се сретнаа до министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, за да му се пожалат од урбаното дивеење во Хром каде се градат 30 згради, а пак ДУП-от СЗ 20 предвидува изградба на нови 100 згради.

Ова го нарушува хуманото живеење на населението во населбата, како што се водните и електрични капацитети, кои влијаат на секојдневното функционирање на домаќинствата, му се пожалија жителите на Бочварски укажувајќи дека градоначалникот Александар Наумовски со поддршка и од советничката група на СДСМ во Ѓорче Петров, планираат да изградат огромни зданија во висина од 60 метри и 17 ката кои ќе ја затворат западната порта на градот Скопје.

Реклама

Ако не им помогне тој, тие најавуваат дека ќе одат кај премиерот Заев, а доколку и тогаш не се запре со ова, тие најавуваат секојдневни блокади и закочување на целата општина, се додека не наидат на разбирање од страна на властите или пак случајот не добие правна разврска во полза на граѓаните на Ѓорче Петров.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

СДСМ: Градоначалникот е виновен што во Сопиште нема вода за пиење

Next Post

Бројот на заразени не паѓа под 1.100 - има и 27 починати

Реклама