На територијата на град Скопје во изминатово деноноќие изречени се вкупно 109 казнени мерки, соопшти денеска МВР.
-Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина 30 мерки, три прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се четири санкции за користење мобилен телефон, три за некористење сигурносен појас, четири за непрописно престигнување и обиколување, три за минување на затворен сигнал (црвено светло) и пет санкции за непрописно паркирани возила, се наведува во инфорамцијата.
Од МВР уверуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.