Dark Mode Light Mode

Кризниот штаб предложи лекувањето во приватните болници да чини од 650 до 5.000 евра

Од 650 па до 5.000 евра да чини дијагностицирањето и лекувањето на пациентите во приватните болници, е предлог кој Главниот кризен штаб го доставил до Владата. Ова денеска го објави министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук како предлог за промена во Законот за здравствена заштита. Со тоа на приватните болници ќе им се ограничи наплата на финансиски средства од пациенти на распон од 40 илјади па до 305.000 денари во време на кризна или вонредна состојба, конкретно за лекување на ковид пациенти.

-Државата освен што има овластување да склучи договор со приватните болници преку Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), може да постави и лимит за максимален износ на едно приватно лекување од Ковид-19. Регулирањето на цените е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромно мнозинство на граѓани во нашата земја, напиша во објавата Филипче.

Околу ова денеска треба да се изјасни и Владата која на пладне ја започна седницата на која ќе се разгледа и овој предлог. Филипче апелира до пратениците да дадат поддршка на оваа регулација, со која цените за третман на пациенти во приватните болници ќе бидат финансиски издржливи за сите граѓани.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ковид во 24 часа: Повторно над 70 новопримени во болниците во Скопје

Next Post

Богдановиќ за висококатниците кај ГТЦ: Помогнете ни, преземете нешто

Реклама