Dark Mode Light Mode

41-годишник силувал две деца и снимал со мобилен телефон

Обвинение е подигнато против едно лице кое лани силувало малолетници во Росоман, кавадаречко, соопшти денеска Основното јавно обвинителство Кавадарци.

ОЈО поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години според член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 41-годишник, на точно неутврдени датуми во 2020 година, во куќа во Росоман, во повеќе наврати извршил полови дејствија врз две деца кои не наполниле 14 години, при што ги сликал со мобилен телефон, се наведува во соопштението.

Реклама

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае бројките ако иселените се попишат, наместо да се евидентираат

Next Post

Кај нас ќе се истражува зошто за некои ковид е фатален, а за други е лесна болест

Реклама