Dark Mode Light Mode
Стигнаа уште 20.000 руски вакцини, ама од Србија
Кривична за директорот кој во кичевската библиотека постави табла со Република Албанија
Добро е, во сабота прво прскање против ларви од комарци за годинава

Кривична за директорот кој во кичевската библиотека постави табла со Република Албанија

Против директорот на Центарот за култура во Кичево, Мазлам Османи, поднесена е кривична пријава откако во јавноста беше обелоденет случајот дека во оваа установа поставена е информативна табла, на која само на албански јазик е напишано Република Албанија и стои знамето на Албанија.

Пријавата против 44-годишниот функционер е поднесена поради сомнение за сторено кривично дело повреда на угледот на нашата држава.

Како што се наведува во официјалното соопштение на МВР, тој на 25 март како директор на Центарот за култура „Кочо Рацин“, дозволил во просториите на библиотеката да се постави табла каде се истакнати име и грб на странска држава со натпис на албански јазик.

Реклама

Притоа, воопшто не биле истакнати името, грбот или знамето на Македонија, како ни обележја на општина Кичево или на Министерство за култура.

Некои од вработените и посетителите во Центарот за култура „Кочо Рацин“ реагираа дека станува збор за провокација и за кршење на законите со оглед на тоа што таблата не е двојазична, односно оние што не го знаат албанскиот јазик, воопшто не може да се информираат за што станува збор.

Директорот Османи тогаш изјави дека станува збор за грешка, која ќе биде исправена и дека за тоа е надлежна Општината.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Стигнаа уште 20.000 руски вакцини, ама од Србија

Next Post

Добро е, во сабота прво прскање против ларви од комарци за годинава

Реклама