Dark Mode Light Mode

20 отсто од закажаните вчера не се појавиле на вакцинација

Според информациите од Министерството за здравство, во текот на вчерашниот ден биле вакцинирани 730 граѓани на пунктовите во државата, односно од 30 до 55 лица се вакцинирале во еден пункт.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека околу 20 проценти од закажаните не се јавиле на закажаниот термин.

Вакцинацијата почна вчера во Скопје, односно во поликлиниките „Јане Сандански“, „Чаир“ и „Букурешт“, во здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица и во болницата во Кавадарци.

Реклама

Утре, ќе почне и вакцинацијата во другите градови: Тетово, Струга, Неготино, Крива Паланка, Вевчани, Валандово, Ростуше, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Свети Николе, Ресен, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица, Кратово, Кичево, Кочани, Радовиш, Виница, Пробиштип, Дебар, Пехчево и Македонски Брод.

Закажувањето термин го прави матичниот лекар, кој е должен на секој граѓанин да му каже во колку часот треба да се вакцинира и на кој пункт.

Пунктовите работат од 8 до 20 часот секој ден, од понеделник до петок.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ здружено „за“ одложување на пописот - Алијанса и Алтернатива не попуштаат

Next Post

Германскиот претседател се вакцинира со „АстраЗенека“, министерот за внатрешни работи одби

Реклама