Dark Mode Light Mode

Истече одлуката за кризна состојба – нема основа војската да остане на јужната и на северната граница

Претседателот на државата ја повлече војската која беше распоредена на јужната и на северната граница, а која беше ангажирана за мигрантската криза.

Причина е тоа што ноќеска на полноќ истече рокот на одлуката за кризна состојба на овие две граници поврзана со мигрантската криза, а Собранието не донесе одлука за нејзино продолжување.

-Претседателот Стево Пендаровски, како врховен командант му нареди на Началникот на Генералштабот, Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски да постапи согласно со новонастанатата ситуација. Доколку Собранието донесе одлука за продолжување на кризната состојба поврзана со мигрантската криза на јужната и северната државна граница, врховниот командант на вооружените сили повторно ќе и нареди на Армијата да ги извршува досегашните задачи, соопштија од Кабинетот на претседателот на државата.

Реклама

Армијата во меѓувреме останува ангажирана на предвидените задачи поврзани со другата прогласена кризна состојба на целата територија на државата поради пандемијата предизвикана од ковид-19.

Одлуката за продолжување на кризната состојба поради мигрантската криза е една од оние кои се блокирани во Собранието. По договорот меѓу Заев и Мицкоски денеска се одржа седница  се две точки – измените на Законот за попис и на Изборниот законик, чија потреба од донесување е изгласана со мнозиство гласови.

Одлуката за продолжување на кризната состојба не е на дневен ред на оваа седница.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Германскиот претседател се вакцинира со „АстраЗенека“, министерот за внатрешни работи одби

Next Post

За две недели кај нас доаѓа специфично антитело за лекување на ковид, најави Филипче

Реклама