Две родилки, една од Скопје на 32 години и една од Делчево на 33, починаа како последица од ковид.
Тие биле породени, па хоспитализирани во „8 Септември“.
Директорката на ГАК, Викторија Јовановска ги потврди случаите. Жената од Делчево е породена со царски рез, во термин, а бебето е веќе дома. На 9 март дошла со негативен ПЦР-тест, направен во Делчево, а следниот ден на 10 март добила позитивни резултати со антигенски рапид-тест, направен во ГАК. Породена е на 11 март и поради влошување на состојбата, е препратена на лекување во “8 Септември“.
Починатата родилка од Скопје е донесена од Инфективната клиника на 20 март во тешка состојба и само неколку часа по породувањето, поради лошата клиничка состојба, е препратена на КАРИЛ. Нејзиното предвременото родено бебе сѐ уште е на интензивна нега, во критична состојба.