Dark Mode Light Mode

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го пречекува Лихтенштајн

Вечерва од 20:45 часот македонската фудбалска репрезентација ќе има можност да ја оствари првата победа во квалификацискиот циклус за пласман на СП 2022 година во Катар.
Противник на Македонија е Лихтенштајн, селекција која е апсолутен аутсајдер во групата, и не би требало да имаме никакви проблеми во обидот нашата селекција да дојде до трите бода на овој мел во Скопје.
„Апсолутно сме фаворити, но тоа треба да го потврдиме на терен. Многу пати сме биле во ситуацијата на фаворити и сме ги решавале ваквите ситуации. Сакам утре да поведеме од првата шанса“, рече селекторот Игор Ангеловски на вчерашната прес-конференција.
Дарко Велковски не е во комбинација за настап против Лихтенштајн, но може да биде во комбинација за дуелот против Германија, потврди селекторот Игор Ангеловски.
Што се однесува до останатите во нашиот состав, Аријан Адеми со сигурност ќе биде дел од тимот, но дали ќе настапи, ќе зависи од развојот на настаните на средбата во Скопје.
Во првиот натпревар од групата да подсетиме Македонија беше поразена од Романија во Букурешт со 3:2.
После Лихтенштајн, македонскиот национален тим оди на мегдан со фаворитот во групата, селекцијата на Германија.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

22 прекршувања на забраната за движење, 657 казни за неносење маска

Next Post

Арсовска: Во 30 години независна Македонија, толку неспособен министер како Филипче ни имало ни ќе има

Реклама