Dark Mode Light Mode
В сабота доаѓа снегот
Два дена Гази Баба молчи за обвинувањата дека троши 14 милиони денари за нови вработувања во време на пандемија
Сончево со малку облаци и умерен ветер

Два дена Гази Баба молчи за обвинувањата дека троши 14 милиони денари за нови вработувања во време на пандемија

Граѓаните скоро и да не добиваат одговори од општинските власти како се трошат парите собрани преку даноци. Едноставно на градоначалниците им стана навика да си тераат онака како што замислиле, без многу да се објаснуваат со граѓаните.

Општина Гази Баба одвојува 14 милиони денари за привремени вработувања, обвинуваат советници на ВМРО ДПМНЕ. Ова се случува на неколку месеци пред локалните избори, а според опозициските советници во општината, е недозволиво заради пандемијата и економската криза.

-Повторно недомаќинско трошење на народните пари од страна на градоначалникот Борис Георгиевски. 14 милиони денари за привремени вработувања во време на пандемија!Нема средства за капитални инвестиции, гасификација, водовод, фекални канализации, градинки, училишта, игралишта, катни гаражи и тн.., но затоа има за партиски вработувања. Ни тронка совест да се немало, обвинува Бобан Стефковски, претседател на ВМРО ДПМНЕ ОК Гази Баба.

Реклама

Два дена по ваквите обвинувања градоначалникот уште нема објаснето што се случува, и зошто токму сега се неопходни ваквите вработувања. За кои позиции се бараат работници? Зошто токму сега на само неколку месеци пред локалните избори? Дали се партиски вработувања или реални потреби? Има ли анализа направено општината, и кога, за тоа каков профил на луѓе и се неопходни?

Градоначалникот мора да одговори на сите прашања за да ги тргне сомнежите на граѓаните, во спротивно дилемите за партиско-политички позадини на вработувањата нема да исчезнат.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

В сабота доаѓа снегот

Next Post

Сончево со малку облаци и умерен ветер

Реклама