Dark Mode Light Mode

В сабота доаѓа снегот

Врнежи од снег на планините и на некои пониски места, најавуваат метеролозите од сабота до понеделник.

Од УХМР соопштија дека под влијание на влажен бран, од сабота до понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.

Пообилни врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник кои локално ќе бидат  30 л/м2.

Реклама

На планините ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, кој во недела во текот на денот ќе го промени правецот во северен.

Утринските температури утре ќе се движат од минус шест до два степени, во сабота од минус три до три, недела од нула до шест, понеделник од минус 1 до пет, вторник од минус четири до два и среда ќе биде секаде под нула од минус шест до минус еден. Дневните ќе бидат меѓу два и 13 степени.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пациенти со ковид-19 ќе се примаат и на Кардиологија и на Пластична хирургија, во „8 Септември“ само итни операции

Next Post

Два дена Гази Баба молчи за обвинувањата дека троши 14 милиони денари за нови вработувања во време на пандемија

Реклама