Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека придобивките од вакцината против корона вирус на „Астра Зенека“ го надминуваат ризикот од потенцијално згрутчување на крвта.
СЗО сè уште работи на ја испитување на безбедноста на вакцината откако дваесетина земји во ЕУ ја прекинаа употребата, по случаите на згрутчување на крвта по вакцинацијата.
Од 17 милиони луѓе вакцинирани со оваа вакцина во светот, пријавени се 40 случаи на тромбоза и белодробна емболија и неколку смртни случаи, што доведе до сомнежи за безбедноста на вакцината.
И Европската агенција за лекови и СЗО и „Астра Зенека“ инсистираат на тоа дека вакцината, развиена во соработка со Универзитетот во Оксфорд, е безбедна и дека нема врска помеѓу вакцините и пријавените згрутчувања на крвта.
Претставниците на ЕУ се согласија со нив, верувајќи дека придобивките од вакцината ги надминуваат сите можни ризици.
Сепак, трите најголеми земји на ЕУ – Германија, Франција и Италија – како и други ја прекинаа употребата на вакцината, што и зададе дополнителен удар на веќе бавната имунизација на Унијата.