Dark Mode Light Mode

Уметничкото училиште во Скопје стана кластер на ковид

Шест наставници и пет ученици од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје се позитивни на корона вирус, а уште 20 ученици се во самоизолација поради контакт со заразените.

Поради ова, донесена е одлука наставата во целост да биде онлајн до 2 април, а не исклучува можност да трае и понатаму до завршување на овој нов бран на вирусот.

Професори од училиштето до медиумите реагираа дека директорот со самоволна, неоправдана и притивзаконска одлука го затворил за настава училиштето кое, како и средното музичко училиште, има дозвола за настава со физичко присуство за практичниот дел.

Реклама

Но, управата смета дека мора да има превентивна мерка, која предвидува онлајн настава, а наставниците кои не се заразени ќе предаваат од работното место.

Во ова училиште наставата беше онлајн, но учениците секој ден доаѓаа во училиште поради пракса. Училиштето има околу 290 ученици и 37 професори.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Вчера 1.000, денеска 1.300 нови заразени и 24 починати, а нови мерки нема

Next Post

СЗО смета дека ризикот од вакцината на „Астра Зенека“ е помал од придобивките

Реклама