Dark Mode Light Mode

Сејдини доби нов мандат во ФФМ

Муамед Сејдини е избран за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со мандат од 2021. до 2025. година.

На редовното Генерално изборно собрание на ФФМ присуствуваа 52 од вкупно 53 делегати и сите му дадоа поддршка на актуелниот прв човек на македонскиот фудбал.

Свое обраќање до присутните на Собранието на ФФМ имаа високите гости од УЕФА, Зоран Лаковиќ, директор на Национални асоцијации, а во видео изјава изборот на Муамед Сејдини му го честиташе и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Реклама

– Честа да се биде претседател на Фудбалската федерација на Македонија е голема. Вашата поддршка ме обврзува да продолжам да го давам својот максимум за развој на македонскиот фудбал.

Годината 2020. на фудбалски план ќе ја паметиме по нашиот најголем успех и пласманот на нашето прво Европско првенство. Потврдивме дека кога се работи искрено и мотивирано резултатите не изостануваат.

Во тој правец ќе продолжиме и во следниот период. На најдобрата репрезентација им ги овозможуваме најдобрите услови за работа, а поголем мотив за нив од настап на Европското првенство мислам дека не постои. Им посакувам многу успех во Букурешт и Амстердам и дај Боже одново да се радуваме на големи резултати.

Поддршка, техничка, финансиска и логистичка, како и досега ќе добијат и сите други национални селекции. Тоа е нашата репрезентативна база и ќе продолжиме да ги надградуваме младинските селекции и Академијата на ФФМ.

Фудбалската федерација на Македонија секогаш ќе ја помага својата база. А, Општинските фудбалски Сојузи се нераскинлив дел од нашето семејство. Ве повикувам да разговарате, да се борите, да работите заеднички.

Ги повикувам и охрабрувам клубовите од Македонската лига. Вклучете се активно во организацијата на натпреварувањата. Како и досега, секогаш ќе ја имате мојата и поддршката на федерацијата за формирање на Ваше здружение за организација на натпреварите.

За тој чекор, ниту некогаш сум бил противник, ниту ќе бидам. Тоа е натпреварување на клубовите и доколку сметате дека треба да го организирате преку свое здружение ја имате мојата целосна поддршка. ФФМ ќе помогне во таа насока на начин на кој заеднички ќе одлучиме.

Додека јас сум претседател на оваа федерација, чесноста и отвореноста ќе бидат особини кои нѐ красат, рече Сејди.

Инаку, поранешниот македонски ракометен репрезентативец и актуелен директор на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсоски посочи дека државната институција не го признава и не го поддржува изборното Собрание на ФФМ.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Нови 541 случај на заболени од Ковид -19, повеќе од половина во Скопје

Next Post

Адвокатот на бизнисменот Камчев: Неиздржана е одлуката за притвор на мојот клиент

Реклама