Dark Mode Light Mode

Нови 541 случај на заболени од Ковид -19, повеќе од половина во Скопје

Нови 541 случај на заболени од Ковид-19 од направени 2.789 тестирања се регистрирани во изминатите 24 часа во државата. Починати се 19 лица на возраст од 55 – 89 години, а оздравени 521 пациент.

Од новозаболените, 290 се во Скопје, 43 во Прилеп, 22 во Тетово, 21 во Охрид, 19 во Гостивар, по 16 во Кавадарци, Битола и Гевгелија, 15 во Велес, по 13 во Штип и Струмица, 12 во Ресен и 10 во Неготино. Во Куманово се регистрирани седум нов случаи, во Богданци – 5, Кочани и Свети Николе – по 4, Струга, Пробиштип и Демир Капија – по 3, Валандово и Пехчево – по 2 и Кичево и Радовиш – по 1 нов случај.

Од починатите, според информациите на Министерството за здравство, сите се починати во болнички услови, освен еден кој е починат во домашни услови. Единаесет од починатите се од Скопје, по двајца починати има од Куманово и Кавадарци и по едно починато лице од Охрид,
Струмица, Неготино и Берово.

Реклама

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во државата од почетокот на епидемијата изнесува 112.646. Бројката на оздравени пациенти е 97.687, на починати 3.319, а на активни случаи 11.640. Досега се направени 566.183 тестирања.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во Ковид центрите во Скопје нови 55 пациенти, а се лекуваaт вкупно 428 лица

Next Post

Сејдини доби нов мандат во ФФМ

Реклама