Во Бугарија привремено е прекината вакцинацијата со вакцината „Астра Зенека“ поради смрт на жена на возраст од 57 години, објави во Пловдив министерот за здравство на Бугарија, Костадин Ангелов.
Се работи за жителка на село Јоаким Груево која починала во својот дом во текот на ноќта откако вчера напладне била вакцинирана во здравствениот дом во градот Стамболиски.
Според бугарските здравствени власти прекинот на вакцинацијата е превентивна мерка за да се почека заклучокот на лекарите од судска медицина за причините за смртта, по што ќе се донесе конечна одлука за тоа како да се продолжи со вакцинацијата со „Астра Зенека“.
Претходно денеска, Европската агенција за лекови објави дека вакината нема врска со случаите на згрутчување на крвта кои се регистрирани кај неколку десетина случаи во различни земји кои ја прекинаа вакцинацијата со оваа вакцина.
Меѓу нив се Данска, Норвешка, Германија, Естонија, Австрија… Некои ја доверуваат во прашање целата серија од оваа вакцина која е дистрибуирана во 17 земји.