Dark Mode Light Mode
Сончево со малку облаци и слаб ветер
Девет земји членки на ЕУ со барање до Борел: Западен Балкан да се врати на агендата на ЕУ
Тешка сообраќајка кај Ресен, загинаа двајца охриѓани

Девет земји членки на ЕУ со барање до Борел: Западен Балкан да се врати на агендата на ЕУ

Да се одржи стратешка дискусија за Западен Балкан и нивните перспективи, побараа девет земји членки на ЕУ со писмо до шефот на европската дипломатија Жозеп Борел. Разговорот на оваа тема се сака да биде одржан на состанокот во април на министрите за надворешни работи на ЕУ, пишува порталот Еуроактив. Барањето е испратено од министрите за надворешни работи на Австрија, Хрватска, Чешка, Германија, Грција, Ирска, Романија, Словачка и Словенија.

-Се чинеше дека процесот на проширување на ЕУ доби нов интензитет во пролетта 2020 година, кога С. Македонија и Албанија добија зелено светло од министрите на ЕУ да започнат разговори за пристап подоцна истата година. Сепак, процесот наиде на „камен на сопнување“ кога Бугарија есента ја блокираше С. Македонија поради несогласувањата околу историјата и јазикот. Ветото на Бугарија ѝ наштети на Албанија, бидејќи членките на ЕУ го гледаат пристапувањето на Скопје и Тирана „во пакет“, се наведува во писмото.

Во него се додава дека пандемијата со корона вирусот ги потенцирала постојните трендови, вклучително и геополитички импликации.

Реклама

-Други актери се подготвени да се вклучат во регионалните работи, често на наша штета. Додека ЕУ мобилизира големи суми за поддршка на регионот, другите актери ја презентираат својата помош многу поефикасно, со што се нарушуваат нашата сигурност, кредибилитет и перцепција на нашата солидарност, се вели во писмото на деветте министри.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Сончево со малку облаци и слаб ветер

Next Post

Тешка сообраќајка кај Ресен, загинаа двајца охриѓани

Реклама