Dark Mode Light Mode

Почнува вакцинирањето со „Спутник V“ и равaкцинација со „Фајзер“ вакцини

Од денеска во поликлиниката „Јане Сандански“ почнува вакцинацијата со добиените руски вакцини „Спутник V“. Со неа ќе бидат опфатени здравствените работници кои што се изложени на опасностите да бидат заразени со корона вирусот. Првично беше планирано ова тура на вакцини да биде искористена за постари граѓани со хронични заболувања и лица во старски домови, но ширењето на вирусот предизвика промена. Истовремено, денеска во поликлиниката Букурешт, пак, почнува ревакцинацијата со вакцината на „Фајзер“.

Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота.

Поради проширувањето на ковид капацитетите и актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници кои се под висок ризик за добивање ковид инфекција, од сите институции во државатасоопшти Министерството за здравство.

Реклама

Кога точно ќе дојдат нови вакцини – не е познато.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Облачно со дожд и засилен ветер

Next Post

Од вечерва почнува полицискиот час, за граѓаните спасот е вакцината која ја нема

Реклама