Dark Mode Light Mode

Од вечерва почнува полицискиот час, за граѓаните спасот е вакцината која ја нема

Од вечерва во 22 часот па до 5 часот утре изутрина, секојдневно, во период до 22 март во Maкедонија ќе се применува полициски час. Владата вчера го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за воведување на оваа превентивна мерка со цел да се намали ширењето на корона вирусот. Голем дел од граѓаните не ја одобруваат мерката и сметаат дека повеќе треба да се мисли на вакцините и на вистинско спроведување на другите мерки.

Премиерот Зорана Заев вчера изјави дека мерката е издржана и покрај тоа што и натаму се дозволува работењето на угостителски објекти до 21 час. Тој најави дека е можно и проширување на мерката.

-Не се исклучуваат можностите за цели викенди, за цели денови и слично, ако не паднат бројките, од нас зависи, дали ќе се придржуваме на мерките да носиме маска, да избегнуваме групирање. Сериозна е работата. Нема поголем национален интерес од здравјето на граѓаните и треба да помогнеме за да не се продолжи со уште построги мерки кога доаѓа пролетта, рече тој.

Реклама

Епидемиолозите сметата дека мерката е неопходна. Во изјава за медиумите епидемиологот и универзитетски професор Драган Даниловски вели дека рестрикциите на  движењето се „нужно зло“.

– Но потребни се за да не се пречекори капацитетот на болничките установи, да не колабира системот. Зошто токму од 22 часот? Па, по затворање на кафеаните во 21 часот, толпи млади луѓе продолжуваат со дружење по улиците, парковите, на Водно итн. Сигурно нема да дојде до запирање на растот, но убеден сум дека ќе дојде до забавување, смета д-р Даниловски.

Граѓаните се со поинаков став:

-Полицискиот час е непотребен, сметам дека особено треба да се обрне внимание на работењето на рестораните, но и да се донесат вакцини. Вака излегува дека само народот треба да се затвори, а нивната неспособност да си продолжи, е една од реакциите на социјалните мрежи.

Инаку, дозволите за движење во време на полициски час што минатата година ги издаде Министерството за информатичко општество и администрација ќе важат и за време на ограниченото движење на граѓаните од утре до 22 март. На оние кои ги изгубиле дозволите МИОА ќе им преиздаде нови. Во однос на издавањето дозволи поврзани со работата на економските оператори по 22 часот задолжени се самите фирми, како што било случај минатата година.

Отстапки од забраната ќе има и за сите граѓани кои за време на забраната за движење имаат потреба од итна медицинска грижа и за слободно движење оваа потреба ќе треба да ја најават на службата 192 на телефонот на Министерството за внатрешни работи.

Одлуката за забрана за движење не важи за патниците што доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, кои за време на полицискиот час како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти. Оваа отстапка е иста и за патниците во меѓународниот превоз на патници. За транспортерите на лица и на стока како дозвола ќе се прифаќа патниот налог.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Почнува вакцинирањето со „Спутник V“ и равaкцинација со „Фајзер“ вакцини

Next Post

И Шпанците сакаат да ја произведуваат руската вакцина

Реклама