Dark Mode Light Mode

Пописот предизвикува се поголемо незадоволство, власта го гледа ли тоа?

Датумот за одржување на пописот во Македонија се доближува, несогласувањата околу него се зголемуваат. Голем дел од граѓаните негодуваат и бараат негово одложување за неколку месеци.

Но, власта не се откажува од пописот на населението и покрај сето влошување кое се случува во овој период со ширењето на корона вирусот што е и главната забелешка на населението во земјава. Од вечерва на сила е и полициски час, само вчера имаше 22 починати и дури 872 новозаразени пациенти…

Друг дел од граѓаните реагираат и на методологијата по која се спроведува пописот, велат има недоречености и повеќе е политичка отколку статистичка операција.

Реклама

Наспроти ова, најодговорните се категорични дека од 1 април мора да се почне со статистичката операција. Дури се даваат и изјави дека пописот ќе води кон среќен живот!?

-Најлесно е нешто да одложите, предизвик е да го спроведете. Не знаеме кога ќе заврши пандемијата трошиме кој знае колку пари затоа што немаме попис, тоа е алатка која се користи на секои 10 години за правење ефикасни политики, политики за развој на економијата, политики за подобар стандард и посреќни граѓани, изјави вчера премиерот Зоран Заев.

Може ли пописот вака како што се подготвува и со вакво расположение на голем дел од населението да носи среќен живот? 

Многу граѓани укажуваат дека здравствената и политичката реалност бара одложување на ризичната статистичка операција. Секоја недела збројот на инфицираните се зголемува за околу 25 проценти, бројот на заболените веќе оди кон 10.000, се зголемува бројот на досега починати 3.228 лица, процесот на масовната вакцинација никако да започне бидејќи се уште нема испорака на „договорените “ вакцини… 

Покрај ова сега веќе и политичките партии повикуваат на бојкотирање на пописот. По акцијата да не се отвроаат врата на попишувачите на партијата Единствена Македонија, вчера и парламентарна партија Левица соопшти дека ќе го бојкотира пописот. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ во парламент достави потписи на повеќе од 100.000 граѓани со цел да се одложи пописот…

Тоа доволно кажува дека за пописот го нема ниту потребното политичко единство за да се спроведе како што треба и неговите резултати да бидат прифатени од сите.

-Нема да биде ништо страшно, нема да му падне круната од главата на Заев ако се одложи пописот. Важно е здравјето на граѓаните, напишала граѓанка на Твитер.

Паѓање на круна ли е во прашање или нешто друго, не е важно, важно е пописот навистина да донесе развој и посреќен живот, а вака како што тргнало тоа тешко ќе се достигне. Власта мора да ја анализира ситуацијата посериозно и да види дали може некои работи да се поправат.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ќе покажат ли малите партии дека пораснале?

Next Post

Бројот на новозаразени со Ковид-19 зголемен за 23 отсто, најзастапени се лицата над 60 години

Реклама