Dark Mode Light Mode

Облачно со дожд и засилен ветер

Времето на скопското подрачје денеска ќе буде облачно со повремени врнежи од дожд. Околу пладне и попладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе биде околу 5, а максималната ќе достигне 7 степени.

Во останати краишта од Maкедонија времето, исто така, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Во текот на денот границата на снежните врнежи ќе се спушта, па врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места во западните делови. Најобилни врнежи се очекуваат на западот (локално над 25 л/24ч), каде на планините снежната покривка ќе се зголеми, а до крајот на денот мала снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 5 до 13 степени.

Утре ќе настапи стабилизација на времето, но се уште ќе дува засилен северозападен ветер, особено претпладне и вдолж Повардарието, па преку денот ќе се задржи постудено. Потоа до недела ќе преовладува стабилно време со пораст на дневната температура.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Претставите во МНТ ќе почнуваат еден час порано заради полицискиот час

Next Post

Почнува вакцинирањето со „Спутник V“ и равaкцинација со „Фајзер“ вакцини

Реклама