Dark Mode Light Mode

Балканската верзија на „Јавна соба“ собрала 36.000 мажи кои разменувале порнографија

На апликацијата за комуникација „Телеграм“ постоела и група во која околу 36.000 мажи од различни земји на Балканот разменувале порнографски содржини, експлицитни слики и адреси на жени со цел да се организираат сексуални контакти. Веста за постоењето на оваа група ја објави српскиот портал Нова.рс при што се наведува дека групата работела така што членовите пишуваат од каде се, па чекаат некој од другите членови на групата да им испрати слики, контакти, па дури и адреси на девојки од тоа место.

Групата сега е избришана, а до сознанија за постоењето на таа група дошла инстаграм страницата „Критички“ на која ѝ се јавила загрижена жена, со сомнеж дека во групата се споделуваат и фотографии и снимки на малолетнички, како и дека со откривањето на идентитетот и местото на живеење бројни жени се доведуваат во опасност.

Во меѓувреме на Твитер се појавија и допишувања на мажите во рамките на оваа група и од кои јасно се гледа каква им е целта. Корисничка на Твитер која разоткрила како изгледа групата на Телеграм и наскоро добила закани. Наскоро, се разоткри уште една група со слична содржина, чија тема се исклучиво девојки од Ниш, со речиси 25.000 членови.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ВМРО-ДПМНЕ: Полицискиот час не е решение, народот чека вакцини

Next Post

Реакции по засилената пандемија: Нема да му падне круната на Заев ако пописот се одложи, важно е здравјето на граѓаните

Реклама