Dark Mode Light Mode

Казни поради собирање на погребот на екс – градоначалникот на Загреб

Компанијата која управува со загребските гробишта и директорот се казнети поради кршење на епидемиолошките мерки на погребот на градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ.

Како што објавија тамошните медиуми, компанијата е казнета со 2.700 евра глоба додека директорот со половина од тоа, а обвинителен акт е поднесен и против Градот Загреб и в.д. градоначалничката Јелена Павичиќ Вукичевиќ, како организатори на погребот.

Инспекцијата утврдила дека на погребот имало повеќе од 1.000 луѓе. За инспекцијата, тоа што имало 4.000 заштитни маски и средства за дезинфекција, организаторот свесно ги прекршил мерките.

Реклама

На погребот на Мандиќ, кој почина на крајот на минатиот месец, на загребските гробишта Мирогој имало повеќе од 1.000 луѓе, иако според мерките не се дозволени собири на повеќе од 25 лица. Освен тоа, присутните не биле на дистанца, а само некои од нив носеле маски.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Внимателно: Патиштата низ државата се влажни, има и одрони

Next Post

Шопинг мол расте со солидна брзина, Луна паркот и Универзална ќе си почекаат

Реклама