Dark Mode Light Mode

Инспектори откриле кои хотели директно испуштаат отпадни води во Мавровското езеро

Хотелите „Радика”, „Бистра”, „Спорт”, „Лоџ”, „Алпине“ и други угостителски објекти директно испуштаат отпадни води во Мавровското езеро или во реката Радика, утврдил Државниот инспекторат за животна средина. Во инспекцискиот надзор кој е извршен деновиве по претставка на граѓаните биле опфатени правните субјекти на територијата на Националниот парк Маврово. До сега биле инспектирани 18 објекти по што е утврдено дека 9 не поседуваат Елаборат за заштита на животната средина.

Голем број инспектирани угостителски објекти директно ги испуштаат отпадните води во Мавровско Езеро или реката Радика, како на пример хотелите “Радика”, “Бистра”, “Спорт”, “Лоџ” и “Алпине”. Помали погони, како на пример „ЕуроЕдил”, „Новитет” и „Техно Блок”, сите лоцирани во село Скудриње, исто така, немаат Елаборати за заштита на животната средина и испуштаат отпадни води во реципиент без пречистување, се наведува во соопштението на ДИЖС.

Инспекторатот наведува дека сите субјекти кај кои се најдени неправилности се задолжени, согласно закон, најпрво да ја обезбедат потребната документација (одобрени Елаборати за заштита на животната средина, дозволи за испуштање на вода во реципиент, проекти за изведба на пречистителни станици и слично). Потоа ќе добијат соодветни рокови за да ги применат сите неопходни мерки за спречување на загадувањето.

Реклама

До крајот на март ќе се изврши надзор врз сите правни субјекти и ќе се преземат мерки за корекција на сите неправилности. Ќе продолжиме со активности што ќе овозможат вистинска заштита на природното богатство во Националните паркови, најавува Инспекторатот.

Дали угостителските и производствените објекти ќе престанат со загадувањето останува да се види. Но, останува прашањето, како во сите изминати години било дозволено тие да ги испуштаат отпадните води во езерото и во реката Радика?

Од друга страна, истите тие хотели во јавноста се познати и по тоа што се сместени во здрава животна средина, излегува дека таа средина ја загадуваат… 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Уште 24 нови ковид-пациенти во болница во Скопје, се отвора модуларната болница

Next Post

Медицинска сестра од ортопедија зела мито од пациент, ја пријавиле лекари

Реклама