Dark Mode Light Mode

Кога побрзо: Бегалецот Игор Спасов веќе е во Идризово

Поранешниот припадник на специјаните единици при МВР – Игор Спасов, осуден на 14 години за убиството на Мартин Нешкоски, од денеска ќе продолжи да ја одлежува казната затвор во КПУ – Идризово.

Тој од предполовина час е донесен во скопскиот затвор од Бугарија, каде беше фатен по меѓународна потерница.

Но она што е чудно е што Министерството за правда пред нешто повеќе од еден час соопти дека бугарските власти ја одобриле екстрадицијата, за по кусо време од зазтворот да кажат дека Спасов е веќе донесен.

Реклама

Спасов на почетокот на минатиот месец беше уапсен во Софија по пријава за семејно насилство.

Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на плоштадот во Скопје на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година.

МВР распиша меѓународна потерница за Спасов на крајот на октомври 2019 година откако тој не се врати во затворот по завршување на лекувањето. Тој се бараше за доиздржување на казна затвор од седум години и три месеци.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ковид во 24 часа: Пак многу починати и над 800 новозаразени

Next Post

Заев: И да има над 1.000 нови случаи дневно, пописот нема да се одложи

Реклама