Dark Mode Light Mode

Г.г. Стефан го поддржа пописот за кој Синодот на МПЦ-ОА препорачуваше да се одложи

Верските лидери во Македонија ќе му дадат поддршка на пописот на населението со повикот до верниците во земјава и во дијаспората масовно да се попишат. Ова било договорено на средбата на која верските лидери на МПЦ-ОА, на ИВЗ, Католичката црква и други заедници денеска ја имаа со министерот за надворешни работи Бујар Османи, директорот на ДЗС Апостол Симевски и директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски.

-Верските заедници имаат широка мрежа и многу наши иселеници се организирани или во црковните општини или во џамиските одбори. Од сите верски лидери ја добивме сета поддршка на овој процес со силни пораки кои ќе ги пратат преку својата мрежа до верниците. И поглаварот на МПЦ и на Исламската заедница и на Католичката црква дека уште денес ќе ги информираат своите претставништва во светот да искомуницираат на различни начини своите верници да се вклучат во овој процес, рече Османи.

Од друга страна, Македонската православана црква неодамна повика да се одложи пописот. На синодската седница одржана на 26 февруари Светиот Синод искажал загриженост поради влошувањето на епидмиолошката ситуација.

Реклама

Синодот изразува загриженост и препорачува времено, по примерот на другите европски земји, кои од истите причини веќе ги одложија закажаните пописи и нашата земја да го следи нивниот пример, почитувајќи ги здравствените протоколи, беше наведено во соопштението.

Но, очигледно е дека архиепископот Стефан на денешната средба имал различен став. Зошто, тоа ќе треба да објасни и на останатите владици во Синодот и на верниците.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Медицинска сестра од ортопедија зела мито од пациент, ја пријавиле лекари

Next Post

Невладините за Водно: Потребен е закон за заштита на скопјани од поплави, а не само за растенија

Реклама