Dark Mode Light Mode

Бугарија ни го враќа Игор Спасов

Бугарските валсти ќе го екстрадираат Игор Спасов назад во земјава, откако Градскиот суд во Софија, на крајот на минатиот месец го прифатил барањето од нашето Министерството за правда да дозволи негова итна екстрадиција.

Поранешниот припадник на специјалните едници на МВР – Игор Спасов, кој е осуден за убиство на Мартин Нешковски, беше уапсен во Софија на почетокот на месецот, по пријава за семејно насилство.

Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на плоштадот во Скопје на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година.

Реклама

МВР распиша меѓународна потерница за Спасов на крајот на октомври 2019 година откако тој не се врати во затворот по завршување на лекувањето. Тој се бара за доиздржување на казна затвор од седум години и три месеци, стои на веб страницата на нашето МВР.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Невладините за Водно: Потребен е закон за заштита на скопјани од поплави, а не само за растенија

Next Post

(ФОТО) „Грдото пајче“ во Аеродром израсна во прекрасен лебед

Реклама