Dark Mode Light Mode

Заев: И да има над 1.000 нови случаи дневно, пописот нема да се одложи

Нема причина да се одложи спроведувањето на пописот бидејќи ќе биде по сите протоколи за заштита, вели премиерот Зоран Заев, откако бројките на новозаразени со корона вирус во земјава секојдневно растат.

-Не гледам никаква причини, дури ни во претпоставени околности за повеќе заболени од просекот, да се одложи процесот на попишување. И не треба да се одложи, бидејќи тој ќе се одржи по сите предвидени протоколи и мерки за заштита кои се правени во период кога имавме и по над 1 000 случаи на ден, изјави Заев.

И директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски изјави денеска дека проекциите за спроведување на пописот се правени во период кога во земјата имаше и по над 1 000 нови случаи дневно.

Реклама

-Комисијата за заразни болести ја следи ситуацијата на дневна основа и засега нема таква препорака. Моментно има услови за спроведување на пописот, со тоа што секој од учесниците во операцијата треба да ги почитува и да се придржува до протоколите, рече Симовски.

Главниот координативен штаб на Владата има состанок во понеделник. Премиерот Заев денеска рече дека ќе се следат бројките овие денови, по што ќе се види дали ќе има предлог од Комисијата за заразни болести.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Кога побрзо: Бегалецот Игор Спасов веќе е во Идризово

Next Post

Академик Коцарев објасни за накитените лаги и за укинувањето на двете македонски катедри на Филолошкиот факултет

Реклама