Dark Mode Light Mode

Распишан е конкурс за книжевни дела за тинејџерска возраст

Конкурс за оригиналнo прoзно дело за тинејџерска возраст распишаа детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје. Можат да учествуваат ракописи во форма на роман, новела или збирка раскази, да имаат наративна форма, најмалку 50 страници, да бидат наменети за тинејџерска возраст, напишани на македонски јазик и досега да не биле објавувани.

– Особено внимание ќе биде посветено на дела што се забавни, досетливи, поучни, поттикнуваат креативност и критичко размислување. Целта на овој проект е креирање можности за авторите што пишуваат литература за деца и млади, како и креирање читачки навики кај младите преку содржини што ќе поттикнат љубопитност кај нив – велат од детскиот културен центар „Карпош“.

Текстовите треба да бидат испратени електронски најдоцна до 10 април 2021 на следната е-адреса: citackimaraton@gmail.com, со назнака: За конкурсот за оригинално прозно дело за тинејџерска возраст. Кој ќе биде награден решава тричлена комисија која ќе додели само една награда а делото ќе биде објавено.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Жителите на Ѓорче Петров ќе протестираат, не сакаат да им насадат 17 нови згради

Next Post

Време погодно за прошетки во природа, температура до 20 степени

Реклама