Dark Mode Light Mode

Заврши приказната за „Кино Култура“

Не добивме политичка и финансиска поддршка и не се покажа волја за да продолжиме понатаму, „Кино Култура“ ги напушта просториите каде што егзистираше години наназад – објавија во отворено писмо до јавноста уметниците Слободан Унковски, Александар Поповски, Биљана Тануровска – Ќулавковски и Мирко Попов.

-Ја завршивме оваа приказна за овој простор, после долга финансиска агонија, недоволна политичка волја за поддршка, но и покрај тоа, сакаме идејата да продолжи и понатаму… Си одиме од просторот, но идејата за Кино Култура како простор на слобода, кој ќе се гради низ соработка, каде ќе се продуцира и гледа еден поинаков театар, танц, уметност воопшто, каде ќе се мисли поинаку, продолжува понатаму. Го отворивме во декември 2015, и во текот на овие, скоро пет години, поединци, соединети преку две организации (Театар Навигатор Цветко и Локомотива), развиваа простор кој пред сè беше замислен како ново место за театар, танц, перформанс, но и за останати содржини кои доаѓаат од пошироката културна и граѓанска сцена. Го замисливме како простор кој на некој начин ќе ја продолжи мисијата на Мала Станица, еден простор во кој во 90те некои од нас учевме како да создаваме вонинституционална култура, да креираме нов театар, но и изложби, филмови и други активности – заедно со другите организации и поединци, пишуваат уметниците.

Наведуваат дека и покрај тоа што организирале на 1000 дебати, донеле повеќе од 500 меѓународни уметници, не ја добиле неопходната поширока поддршка од државата и од „оние кои можат преку креирање на добри политики да потпомогнат ваква и слични идеји да растат, да се развиваат и да живеат“.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Скопјани: „Лајка“ секој ден да дава отчет колку кучиња заловила и каде!

Next Post

Сонце со мала облачност, температура до 17 степени

Реклама