Dark Mode Light Mode

Отровите од „Охис“ конечно на крајната дестинација за уништување

Отпадните хемикалии од „Охис“ кои минатиот петок беа изнесени од кругот на некогашниот гигант, денеска пристигнале во Франција, каде треба да бидат уништени, соопштија од фирмата „Екоцентар 97“ која ја имаше обврската согласно договорот за „Проект за безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД „ОХИС“ Скопје“.

Отпадните хемикалии биле транспортирани со специјално АДР возило и за време на транспортот се вршел континуиран мониторинг на температурата во возилото, велат од компанијата.

Минатиот петок, на 19 февруари, од кругот на „Охис“ во присуство на претставници од Државниот инспекторат за животна средина безбедно се утоварија 4,2 тони иницијатори и 5,3 тони отпадни хемикалии со поминат рок, односно отпадни киселини, алкохоли и растворувачи.

Реклама

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пристигна и втората пратка од „Фајзер“ вакцините од Србија, денеска одлука за руската

Next Post

Шилегов е среќен со новите имиња на улиците, а скопјани ќе бидат среќни со нови улици

Реклама