Dark Mode Light Mode

Задолжителен седумдневен карантин при влез во Грција

Грција ќе ги упатува посетителите во земјава во карантин. Имено, донесена е одлука  за задолжителниот седумдневен домашен карантин за сите кои во Грција ќе влезат на било кој начин и со било кое средство е продолжен уште две седмици, односно до 8 март 2020 година.

Согласно министерската одлука од надлежните грчки министерства и новите одлуки на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, и понатаму во сила е задолжителната потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето, за сите оние кои до 8 март ќе пристигнат во Грција, а паралелно, при пристигнувањето, ќе се спроведуваат и брзи тестови за дел од патниците согласно предвидениот процес според податоците внесени во специјалниот формулар за патување во Грција.

Одуката за домашниот карантин се однесува на патници од сите земји вклучувајќи ги и оние од Европската Унија, а доколку посетата на Грција трае помалку од седум дена, тогаш домашната изолација ќе трае за целиот период додека се во земјата, сѐ до нивното заминување.

Реклама

За патниците од Велика Британија предвидени се посебни правила, односно за да излезат од седумдневниот карантин, потребно ќе биде, на седмиот ден, да направат ПЦР тест.

До 8 март, како што вчера објави МИА, продолжена е и одлуката за ограничување на копнените граници со Македонија, Албанија и Турција, како и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, а од рано утрово стапи во сила.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Потрага по Сашо Мијалков: Судот му изрече куќен притвор, полицијата го бара насекаде

Next Post

Пет момчиња се степале на крстосница, двајца завршиле во болница

Реклама